Вести Избори 2024 Македонија

Адеми: Граѓаните го доверија гласот на Бујар Османи и Европскиот фронт, очекуваме голема победа

По завршувањето на гласањето во рамки на првиот круг од претседателските избори, во седиштето на ДУИ, шефот на изборниот штаб Арбр Адеми ја одржа првата прес-конференција. Тој оцени дека имало слободни избори кои се одржале во демократски дух и компетитивна атмосфера.

Ова е наш заеднички успех за кои сакаме да им честитаме на сите останати учесници. Покажавме демократска зрелост каква што и доликува на земја членка на НАТО и земја преговарач со Европската унија. Секако сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани кои гласаа за нашиот кандидат д-р Бујар Османи. Со тоа го доверија својот глас и за Европскиот фронт. Сакаме да знаеме дека вашата волја е запишана и таа ќе биде дел од идните политики на Република Северна Македонија. Тоа е важно за тоа што е тоа суштината на демократијата. Граѓаните да одлучуваат за себе, граѓаните да одлучуваат за својата иднина и нивната волја да се почитува. Денес граѓаните го кажаа својот збор, а на нас е да ја преточиме таа волја во акција, изјави Адеми.

На новинарско прашање за резултатите од гласањето, Адеми рече дека очекува победа.

Секако дека ние очекуваме длабока победа, голема победа за нашиот д-р Бујар Османи, сите информации од терен тоа го потврдуваат. Тоа што сме го сработиле завреме на кампања како Европски фронт тоа се покажа и докажа и денес и олекуваме да се потврди и со броење на гласачките ливчиња. Очекуваме победата голема и историска, истакна Адеми.

Според него, Европскиот фронт имал напорна и вредна кампања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе