Вести Македонија Најважни

Долгови, ненаплатени побарувања и задоцнета исплата на плата причина вработените во Водостопанство да излезат на протест

Формирано од Владата пред осум години за да ги спои во едно и да ги реши проблемите на проблематичните и заглавени регионални единици, акционерското друштво „Водостопанство“ тоне во долгови,ненаплатени побарувања и задоцнета исплата на мартовска плата,  алармираат вработените. Побараа исплата на приходите веднаш во спротивно се заканија дека ќе бидат доведени во прашање земјоделскиот род и загрозена егзистенцијата на земјоделски семејства.

„Не ќе можеме да испорачаме вода до земјоделските површини и цевководите за достава на сурова вода до комуналните претпријатија, а со тоа се загрозуваат посевите и родот, што ќе резултира и со загрозување на опстанокот на 30 000 земјоделски семејства кои егзистираат само од земјоделството и четири градови кои користат вода за пиење“, вели Коста Малзарков, претседател на Синдикат на АД Водостопанство.

Пари има за над сто вработувања и луксузно возило теренски џип, а нема за исплата на плати, револтирано велат вработените. Од синдикатот пак велат дека менаџерскиот тим фаворизирал  и толерирал неколку општини кои неколку години не плаќале за снабдување со вода.

„Станува збор за поголема сума на пари, околу 240 милиони денари, за кои се издадени фактури и не се наплатени повеќе години. Зошто тоа се толерира треба да одговори менаџерскиот тим. Во изминатиот период Управата за јавни приходи ја блокираше сметката на ова а.д., присилно наплати ДДВ за издадените фактури, но ненаплатени кон тие општини, и до денес менаџерскиот тим нема преземено мерки за нивна наплата и за тоа треба да сноси одговорност“, вели Игор Китаноски претседател на агро синдикат на Македонија.

Телма побара став од менаџерскиот тим на Водостопанство за проблемите кои ги посочуваат вработените, а одговори најавија од понеделник.

Ова не е прв пат вработените да излезат на протест поради задоцнета плата. Акционерското друштво е основано од Владата, а брои помалку од 500 вработени. Според последните извештаи на финансии Ад Водостопанство Скопје има долг од 8,7 милиони евра доспеани а не платени обврски.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе