Вести Избори 2024 Македонија

Димтриевски во Кичево: Да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски

Никогаш нема да се согласам со уставни измени кои го редефинираат изборот на претседателот со избор во Парламентот, а не од страна на граѓаните, порача денеска од Кичево претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски.

Димитриевски рече и дека ако стане претседател, ќе стави крај на монолитното веење знамиња низ целата држава. Земјата, потсети, има државно знаме, а мора и да се почитува тоа што е напишано согласно уставот и законите.

Според него, треба да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но и еднакви обврски.

Граѓаните му ја даваат моќта на претседателот, а политичките партии му ја одземаат и го релативизираат. Македонија заслужува да има претседател кој ќе излезе од граѓаните и ќе се грижи за граѓаните. Ако сметате дека треба да ги поддржите оние што се вртат во круг 30 години, а никој не размуслува за граѓаните и националите и државните интереси, тогаш почитувани, продолжете така. Но, јас мислам спротивно од тоа. И оваа, а и претходната власт треба да се казни. Дали има можност во Македонија прв пат да се гласа за, а не против. Има. Тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потенцира Димитриевски.

Тој дополни дека нема да потклекне на скриени барања од страна на поединци, кои сакаат да реализираат национални стратегии.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американците денеска со Украинците, утре со Русите – нова рунда на мировни преговори во Саудиска Арабија

Дејан Дејан

Трамп сака да нè скрши, за Америка да нè поседува – канадскиот премиер распиша вонредни избори на 28 април

Дејан Дејан

Дезинформации и деманти за студентските протести за Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе