Вести Македонија Топ вести

КОД: Дрин Ахмети доби бизнис партнер од Тексас

Кој е новиот бизнис цимер на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети? – Отворил фирма во јули, доаѓа од Тексас. Oд една страна албански патриот, од друга страна сопственик на стриптиз барови со проблеми со законот во Америка. Донел три милиони евра во истиот период кога Дрин Ахмети станува директор на Соравија. КОД открива повеќе детали за Ник Назар Мехмети.

Во КОД вечерва и за првата зделка која внукот на лидерот на ДУИ ја склучил и добил државни пари. КОД открива и дека зградата на седиштето на „Еуростандард“ има нов газда, но не тој што дал понуди во стечајната постапка за имотот кој е создаден за да биде банка.

Во вечерашната емисија и за новите злосторства поврзани со крвавата војна меѓу скопските нарко банди Беланоца/Барон и Дуќанџик/Грчец.

Емисијата КОД „Тексас во Соравиа кај Дрин Ахмети, нов газда на Еуростандард и крвавото насилство на скопските банди’ беше емитувана на 03.03.2024.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе