Вести Македонија

Меѓуврсничка нетрпеливост причина за свирепото убиство на 14-годишно момче во Прилеп – приведен малолетник од с. Сенокос

Малолетник од прилепското село Сенокос е осомничен за свирепото убиство на 14-годишното момче што се случи синоќа во центарот на Прилеп, во близина на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Полицијата рано утрово го приведе во неговиот дом, заедно со уште едно 21-годишно момче, кое било сведок на настанот. Малолетникот, кој до смрт го избоде неговиот другар, пред полицијата го признал делото.

Иако мотивите за убиството сè уште не се познати, Телма дознава дека станува збор за меѓуврсничка нетрпеливост која тлеела подолго време меѓу убиениот и осомничениот, што доведе и до убиство. И двете деца се од исто село, претходно не се сторители на кривични дела.

„Полициски службеници од ОВР Прилеп, заедно со јавен обвинител, извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело. Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик“, вели Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола.

Убиството се случи вчеравечер околу 19 часот во влез на деветкатница во центарот на Прилеп. Трагите од крв сведочат за настанот кој ги потресе прилепчани. Четиринаесетгодишникот прво бил физички нападнат, а потоа неколку пат избоден со остар нож. Тој успеал да избега од напаѓачите, го преминал булеварот „Гоце Делчев“ и се срушил на тротоарот облеан во крв. Случајни минувачи повикале Итна помош која интервенирала околу 19:30 часот. Но, момчето не давало знаци на живот, по што било пренесено во прилепската болница. Безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација. Обвинител побара обдукција на телото на 14-годишникот кој е убиен синоќа во центарот на Прилеп.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе