Вести Македонија

Не смета дека е лично одговорен за хаосот со личните документи, биле создадени предуслови за граѓаните навреме да ги заменат – Спасовски во „Топ тема“

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не смета дека е лично одговорен за хаосот со издавањето на лични документи, пред се патните исправи.

„Сите аспекти на овозможување се овозможени во тој период. Целиот тој период, и Акциски планови и управувачки комитет кој што управувцал со целиот процес, сето тоа, како што е предвидено со позитивните законски прописи, така е постапувано. Апсолутно не може никого вие сами да го натерате да ги извади документите во 2021 година, во 2022 година или во 2023 година“, изјави Спасовски.

Смета дека биле создадени сите предуслови граѓаните на време да ги заменат документите, но не сакаше да се извини на ниту еден од околу 640.000 луѓе кои од понеделникот останаа без пасош.

„Апсолутно, не сакам да фрлам вина на граѓаните. Меѓутоа, секој еден граѓанин имал можност од 1 јули да започне со промената на личните документи. Сите оние кои поднесе барање за замена на документите, тоа треба да си го направат низ системот на министерството“, порача поранешниот министер за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Јаулески во „Топ тема“: Не би влегувал во теории на заговор дека некој некому би сакал нешто да му земе

Дејан Дејан

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе