Вести Македонија Топ вести

Налепници со ознаката НМК нема, а рокот истекува за 10 дена

Сите сопственици на возила до 12 февруари мора да имаат налепница НМК на регистрација. Досегашните ознаки на табличките МК можат да се користат само уште десетина дена, а потоа нема да може да се излезе надвор од државата со нив. Надлежните известија дека новите налепници можат да се променат во станиците за технички преглед, но оттаму велат дека налепници сè уште немаат добиено.

Телма контактираше со неколку станици за технички преглед и сите тие ни потврдија дека налепници со ознаката НМК немаат.

 „Не знам што конкретно да ви одговорам. Надлежните од Министерството за внатрешни работи треба да објаснат зошто немаат доставено налепници во станиците за технички преглед. И ние ги очекуваме налепниците да стигнат секој момент, но не знаеме кога ќе биде тоа“, ни кажаа од една Станица за технички преглед во Скопје.

Од Министерство за внатрешни работи (МВР) не одговорија конкретно кога налепниците ќе бидат достапни во техничките станици.

 „Склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците. Истите, ќе бидат доставени до сите технички прегледи во цела држава, граѓаните ќе можат да ги набават од референтите за сообраќај каде што вршат регистрација. Налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК“, соопштија од Министерство за внатрешни работи.

Промената на регистарските таблички на автомобилите со новата ознака НМК произлегува од Преспанскиот договор кој беше потпишан во 2018 година. Првично требаше да има целосно менување на табличките кое што ќе чинеше околу 60-тина евра, но по критиките од јавноста од МВР осмислија решение да има налепници врз постоечките таблици, а изготвен е предлог тие да бидат бесплатни за граѓаните на товар на МВР.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Демирхисарската болница ќе биде спроведен на лекување таткото на Меланија која објави дека со нејзиното семејство се жртви на семејно насилство

Tea Dimkovska

МВР ја избриша објавата со слика генерирана од вештачка интелигенција за случајот со странецот кој се загуби на Матка

Tea Dimkovska

Нови откритија на локалитетот Кале во Крупиште – целосно е дефинирана уникатната базилика со глаголички натпис

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе