Се вршат претреси кај осум лица опфатени со истрагата за случајот „Онкологија“ по наредба на јавното обвинител, потврдија за Телма извори од ОЈО.
Како што дознава Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.
Од Основното јавно обвинителство велат дека кога ќе имаат повеќе детали ќе ги споделат.
За случајот „Онкологија“ минатата година повеќе пати се одржаа протести. А во Собранието, во семпември минатата година, беше формирана Анкетна комисија на која беа сослушани поранешни и актуелни директори на Онкологија, како и поранешни и актуелни министри за здравство.
Анкетна комисија за случајот со Клиниката за онкологија се претвори во бојно поле меѓу пратениците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателската на комисијата Рашела Мизрахи во заклучоците наведе дека политичката одговорност за случајот на Онкологија носат поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поранешните директори на клиниката Нино Васев и Нехат Нухи, на Фондот за здравство Стево Крстевски и Фатон Ахмети и поранешната дректорка на здравствениот инспекторат Ирина Бухова.
СДСМ пак ја обвини Мизрахи дека ја злоупотебила комисијата и побараа нејзина оставка.