Спорт Тенис

Синер и Медведев ќе играат во финалето на Австралија опен

Јаник Синер ја запре победничката низа на Новак Ѓоковиќ и обезбеди финале на Австралија опен. Ривал на Италијанецот во мечот за титулата ќе биде Данил Медведев, кој направи епски пресврт против Александер Зверев.

Ѓоковиќ беше во низа од 33 победи по ред на Австралија опен, но денеска бранителот на трофејот го одигра еден од најслабите мечеви на грен слем турнир во својата кариера. Јаник Синер заслужено славеше во четири сета со 6-1, 6-2, 6-7 и 6-3. Мечот можеше да заврши и во три сета, но Србинот успеа да спаси меч топка. Направи дури 54 неизнудени грешки и за прв пат во кариерата не направи бреј на еден меч на грен слем турнир. За 22-годишниот Италијанец ова ќе биде прво грен слем финале во кариерата, а таму ќе се соочи со Данил Медведев.

Русинот во второто полуфинале денеска во епски меч во пет сета го победи Александер Зверев. Германецот ги освои првите два сета со 5-7 и 3-6, но следните два му припаднаа на Медведев во тај-брејкот. Во решавачкиот петти сет, Русинот славеше со 6-3 за да се пласира во своето шесто грен слем финале во кариерата, а трето во Мелбурн.

Интересно, во неделното финале на Австралија опен за прв пат уште од 2005 година ќе нема еден од легендарната тројка, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Таа година се соочија Марат Сафин против Лејтон Хјуит, а победи Сафин во четири сета.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе