Вести Македонија Најважни

(видео)Извештај на Агенцијата за цивилно воздухопловство за упадот во М-НАВ: Прекршени протоколи за обезбедување, но не и загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

Прекршени протоколи за обезбедување, но не и загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Ова се заклучоците во прелиминарниот извештај на агенцијата за цивилно воздухопловство за инцидентот и упадот кој на 4 јануари се случи во зградата на М-НАВ.

14 наоди се нотирани во извештајот кој има единаесет задолжителни мерки за М-НАВ, особено во поглед на обезбедување на објектот.

Казни има за една фирма, според информациите на „Телма“ тоа е фирмата за обезбедување „ДВА-СС“ од Кичево и еден вработен кој ја користел картичката за да ги внесе насилниците во згрдата и во службените простории.

Деталите од извештајот, во интервју за Телма ги открива директорот на агенцијата Томислав Тунтев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Ревизија со резерва за Комисијата за заштита на конкуренцијата

Kristina Kuzmanovski

5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари, заплени Царината – приведен е возачот на камионот  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе