Спорт Тенис

Призмиќ го намачи Ѓоковиќ, но светскиот број 1 стартуваше со победа на АО (ВИДЕО)

Утринава официјално стартуваше Австралија опен. Актуелниот бранител на трофејот Новак Ѓоковиќ стартуваше со победа, но мораше добро да се помачи против дебитантот Дино Призмиќ.

Светскиот рекет број 1 го одигра најдолгиот меч во 1.коло на Австралија опен во својата кариера. Србинот беше ставен на сериозен тест против младиот Хрват, но на крајот победи со 6-2, 6-7, 6-3 и 6-4 по четири часа игра. Ѓоковиќ ја бара својата 11-та титула во Мелбурн, каде нема пораз уште од 2018 година. Во следната рунда тој ќе се соочи со победникот од дуелот помеѓу Алексеи Попирин и Марк Полманс.

Четвртиот носител на грен слемот, Јаник Синер во три сета го победи Ботик ван де Зандшулп. Андреј Рубљов добро се намачи против Бразилецот Тијаго Сејбут Вајлд и славеше во пет сета. Марин Чилиќ испадна од Унгарецот Фабијан Маросан во четири сета, а Франсес Тиафо го победи Борна Чориќ во четири сета. Пласман понатаму обезбедија Матео Арналди, Јауме Мунар, Франциско Серундоло, Тејлор Фриц и Себастијан Баез.

На женскиот дел од грен слемот, втората фаворитка Арина Сабаленка ја прегази Ела Сајдел од Германија и ѝ препушти само еден гем на мечот.

Барбора Крејчикова како деветта носителка ја победи Маи Хонтама во три сета, Марија Сакари со 6-4 и 6-1 ја совлада Нао Хибино, но првата рунда не ја мина 13-тата фаворитка Лјудмила Самсонова, која загуби од Аманда Анисимова со 3-6 и 4-6. Во следното коло се пласираше поранешната најдобра светска тенисерка Карилин Вожњацки откако нејзината противничка Магда Линете се повлече поради повреда во вториот сет при негатива од еден сет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе