Спорт Фудбал

Бензема исфрлен од тренинг-кампот на Ал-Итихад поради недисциплина

Карим Бензема наскоро би можел да го напушти Ал Итихад. Французинот е исклучен од тимот и нема да патува на подготовките во Дубаи, бидејќи не се појавил на првиот собир во Џеда по паузата.

Тренерот на Ал Итихад, Марсело Гаљардо го исфрли од тимот Бензема откако фудбалерот го немаше на прозивката во клупските простории во петокот. Поранешниот освојувач на Златната топка нема да патува со тимот на тренинг кампот во Дубаи.

Шпанска Марка, објави дека ова не е прв пат голгетерот да демонстрира недисциплина. Наводно, тој пропуштил дури три тренинзи пред тимот да замине на зимска пауза. Претходно имаше и несогласувања со тренерот Нуно Еспирито Санто, кој потоа доби отказ.

Бензема, кој има 36 години му се приклучи на Aл-Итихад изминатото лето, откако му истече договорот со Реал Мадрид. Потпиша неверојатен договор со клубот од Саудиска Арабија до јуни 2025 година за 100 милиони евра по сезона и 20 милиони во бонуси. Постојат шпекулации дека Французинот зимава би можел да се врати во Европа од каде има интерес од Манчестер јунајтед и неговиот матичен клуб Лион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе