Вести Македонија Топ вести

Фирмата на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Мијалков, за Телма потврди директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

За околу 300 илјади евра, фирмата „Бест Веј инвестментс“ на Јордан Мијалков  купила три стана и една гаража на Водно од имотот кој претходно беше конфискуван од неговиот татко Сашо Мијалков во рамки на спогодбата со обвинителството за случајот Империја.

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу за Телма ја потврди оваа скандалозна информација.

Веб медиумот ПРИЗМА објави дека имотот бил продаден во ноември на лицитација на Агенцијата за управување со одземен имот. Според призма.мк, станува збор за два станови со квадратура од 73 и 78 квадрати и за гаража од триесетина квадратни метри.

Кога се подготвуваше лицитацијата, директорот Небиу се жалеше дека заинтересираните купувачи и вработените во агенцијата биле заплашувани и добивале закани од луѓе блиски на сопственикот Мијалков кој поради кривичните дела се согласи на конфискација.

Според пресметките, Агенцијата овие луксузни станови на Водно ги продала за цена од по 1384 евра по квадрат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе