Ракомет Спорт

Митревски: Игравме пред 53.000 гледачи, тоа ќе го паметам до крајот на кариерата

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски имаше 10 интервенции против Франција во поразот од 39-29 во 1.коло на Европското првенство во Германија.

Бевме рамноправни 20 минути против големиот фаворит, но потоа направивме многу грешки кои скапо ги плативме. Тешко е да се следат „триколорите“, кои располагаат со неверојатен број на квалитетни играчи.

„Почнавме навистина добро, добро се браневме и постигнувавме голови според нашиот план што го имавме поставено“, рече по натпреварот Митревски. „За жал испуштивме шанса да поведеме со три разлика и направивме серија грешки во продолжението. А кога правиш грешки против така силен тим, тогаш ја плаќаш цената.  Ние рековме и претходно, Франција е еден од најдобрите тимови во светот. Бевме рамноправни 20 минути и тоа е нешто на што можеме да градиме во иднина. Тие имаат толку многу опции на клупата, многу искуство, а тоа е тешко да се следи сите 60 минути“, истакна нашиот голман.

Македонија и Франција денеска играа пред рекордна публика од 53.000 гледачи на фудбалскиот стадион во Диселдорф. За Митревски тоа е нешто што ќе го памети до крајот на кариерата.

„Беше навистина чест и се обидував да уживам. Ова е нешто комплетно различно од она што сме навикнати, бидејќи трибините се доста далеку од теренот. Но ова е нешто што ќе го паметам до крајот на мојата кариера“, заврши македонскиот чувар на мрежата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда

Desk

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ферстапен најбрз на спринт-квалификациите во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе