Ракомет Спорт

Лазаров: Требаше да загубиме со шест или седум разлика, а не десет

Македонската ракометна репрезентација загуби со 39-29 од Франција на првиот натпревар од групата А на Европското првенство во Германија.

Селекторот Кирил Лазаров очекувано не беше задоволен од конечниот исход, бидејќи Македонија имаше добро прво полувреме и можеби не заслужи толку убедлив пораз.

„Франција заслужи да победи, тие се најдобриот тим во светот“, рече нашиот предводник. „Ние се боревме. Не сме задоволни од нашето издание, не беше доволно добро. Не сум задоволен, бидејќи загубивме, но мислам дека требаше да загубиме со шест или седум голови разлика“, додаде Лазаров.

На 14.јануари ќе се соочиме со Германија во Берлин во рамки на 2.коло на турнирот.

„Имаме неколку денови да се подготвиме за Германија. Дефинитивно немавме среќа во ждрепката за оваа група со Франција и Германија, но таква беше нашата среќа“, заврши македонскиот селектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синер се повлече од мастерсот во Рим поради повреда

Desk

Синот на газдата на Фенербахче го почнал инцидентот по мечот со Монако (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Ферстапен најбрз на спринт-квалификациите во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе