Вести Македонија Топ вести

Условно осуден, екс фудбалерот Ерсен Сали меѓу лицата кои се во бегство за упадот во М-НАВ

Поранешниот фудбалер, Ерсен Сали е меѓу осомничените четири лица по кои се трага за упадот во М-НАВ, открива Телма. Сали во февруари 2022 година бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелација истата година во ноември ја преиначува пресудата дека тој нема да оди во затвор, доколку не направи кривично дело во наредни 3 години.

Зелено светло за прифаќање на жалбата на одбраната на Сали дал и вишиот обвинител Наум Паноски, што може да се заклучи од пресудата на Апелација. Обвинителот Паноски оценил дека Сали кривично дело не го сторил од ниски побуди, го признал делото и се извинил на оштетените, како и тоа дека се работело за семеен човек, кој немал претходни прекршоци и кривични дела.

Може да се каже дека овој кривично правен настан претставува случајна епизода на обвинетиот во неговиот живот и дека неговото каење е искрено и оттука може да се очекува дека и со условна осуда ќе се постигнат целите на казнувањето, односно смета дека не мора секогаш да се прибегнува кон изрекување на ефективни казни, ако може целта на казнувањето да се постигне и со поблага казна, се произнесол обвинителот Паноски.

Во пресудата на Апелација донесена од судиите Јани Нича, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети стои дека првостепениот суд во недоволна мера водел сметка за олеснувачките околности
кога изрекол ефективна казна затвор од една година, на што основано се укажува во жалбата на обвинетиот.

Имено, околностите да обвинетиот е млад човек, женет, има оформено потесно семејство во кое е сопруг и татко на едно малолетно дете, вработен, досега не бил во судир со законот и против него не се водат постапки за други кривични дела, неговиот придонес кон ефикасно завршување на кривичната постапка изразен преку неговото признание на вина, искрено се кае за стореното и
ветува дека нема во иднина да сторува кривични дела, по оцена на овој суд,
упатуваат на потребата од изрекување на алтернативна мерка – условна осуда како
кривична санкција подобна да овозможи да се изврши доволно воспитно влијание
врз обвинетиот во иднина да не сторува вакви и слични кривични дела, како и
позитивно да влијае на планот на генералната превенција и без изрекување на
казна затвор во ефективно траење, се наведува во пресудата.

На четворицата осомничени за инцидентот, меѓу кои и координаторот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, кои се достапни на органите за прогон определена им е забрана за напуштање на Скопје, обврска да се јавуваат во судот, им се одземаат пасошите и им се забранува да комуницираат со тепаниот и меѓу себе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе