Емисии Код

КОД: Загаден воздух и еколошка корупција

Борбата на еколошките активисти е тешка, од една страна се поединци во судир со системот кој го управува и капиталот, од друга страна нивната борба често влијае и врз нивната лична судбина. КОД во ова продолжение разговараше со двајца екологисти кои во борбата за општото добро даваат и лична жртва.

Еколозите рамо до рамо заедно со обвинители, инспектори и професори дебатираа како заеднички да се борат против еколошката корупција. Појавата е се позастапена во Македонија, регистрирани се и случаи кога инспектори или државни службеници наместо да ја бранат животната средина се здружиле со еколошките криминалци. Такви случаи има при пустоошење на шуми, загадување на природата, но и на амбиенталниот воздух, а има сомнежи и за корупција при издавање на минерални концесии.

И додека покрај Охридското Езеро се развиваше дебатата, се дозна и нова информација за злоупотреба на езерскиот брег во струшко. Иако статусот на Езерото во УНЕСКО е во опасност, незаконските и нееколошките активности продолжуваат покрај најголемото македонско езеро

Сместена во срцето на Пелагониската рамница и опкружена со планините Пелистер и Кајмакчалан, Битола во зимскиот период поради температурната инверзија со денови може да биде  окована во магла. Токму поради овој природен феномен, заедно со изворите на загадување, градот со години е на врвот на црните листи на најзагадени во државата, но и пошироко. Тоа е причина за зголемени респираторни заболувања, но и зголемена смртност, што покажуваат и научните студии. Кои се најголемите виновниците за  аерозагадување од прилогот.

Делхи во  Индија,  Карачи во  Пакистан а тука некаде во првите десет речиси нсекоја зима е и Скопје по загадување на воздухот. На почетокот на месецот друштво на оваа топ листа им правеше и Струмица . Снимките што на почетокот на почетокот на месецов со дрон ги направија ,моите колеги од овој град беа како во хорор филм.

Од воздух за дишење до трговија со отпад и концесии за руди и минерални суровини- сето тоа преку коруптивни зделки може да биде ризик кој го отежнува животот на граѓаните. Проблемот со таканаречената еколошка корупција е голем и во Македонија, како и во светски рамки, а решенијата треба да ги понуди државата за да спречи богатење врз здравје на граѓаните, објаснува во интервју за КОД, професорката Марина Малиш Саздовска.

Емисијата КОД „Загаден воздух и еколошка корупција“ е емитувана на 17.12.2023. на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вин Вин 02.05.2024

Дејан Дејан

Топ Тема – Претседателска дебата Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски 01.05.2024

Дејан Дејан

Топ Тема – Што ќе значи исходот од трката Османи – Таравари за парламентарните избори? 26.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе