Вести Најважни Свет

Путин: Нашите цели во Украина остануваат непроменети

Ќе има мир кога Русија ќе ги постигне своите цели, порача рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата традиционална маратонска годишна пресконференција. Ова во исто време е и прва голема пресконференција на Путин од почетокот на руската инвазија на Украина, затоа што минатата година таа не беше одржана.

Тие цели не се променети, денацификација, демилитаризација и неутралност на Украина, рече Путин.

Очекувано, најголемиот дел од прашањата се однесуваат на војната во Украина, или како што Кремљ ја нарекува, „специјалната воена операција“. Во одговорите Путин рече дека дури 486.000 лица доброволно се пријавиле во руската армија, дополнително на 300.000 кои беа регрутирани од резервниот состав. Но, западните разузнавачки агенции проценуваат дека во Украина загинале дури 315.000 руски војници.

Путин исто така беше прашан и за украинската офанзива која резултираше со пробивање Украинците на источниот брег на Дњепар. За рускиот претседател тоа не е никаков воен успех, туку руската команда одлучила да ја повлече одбранбената линија неколку метри на исток во полесно одбранлива шумска област. Според него, целта на оваа неуспешна украинска офанзива е да му покаже на западот дека им е потребно повеќе оружје.

Не знам зошто го прават тоа, ги испраќаат своите луѓе да загинат, тоа е билет во еден правец за украинските војници. Причините позади тоа се политички, бидејќи украинските лидери ги молат западните земји за помош, рече Путин.

Рускиот претседател исто така зборуваше и за односите на земјата со САД и ЕУ. Рече дека САД се важна држава, но во исто време и ги обвини за имепријализам. Побара од нив да ги почитуваат другите народи и држави и порача дека кога тоа ќе се случи, Русија е подготвена да ги обнови односите.

Путин оцени дека Русија може да напредува и покај економските санкции и политичката изолација поради инвазијата на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе