Вести Македонија Најважни

Декларацијата ЕУ – Западен Балкан ја повтори заложбата за побрза интеграција на регионот, но и ги повтори обврските за земјите

Ништо ново за регионот не донесе Декларацијата усвоена вчера од лидерите на ЕУ – Западниот Балкан која во 35 точки ги повторува барањата на Унијата до земјите од регионот за владеењето на правото, одржливи и неповратни реформи, борба против корупцијата и организираниот криминал, функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација, , но и пораката дека неговата иднина е во Унијата. Деклрацијата дури бара и забрзување на пристапувањето.

„Повикува на забрзување на пристапиот процес, заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на заслуги, што е во наш заеднички интерес. ЕУ го поздравува постигнатиот напредок од страна на партнерите од Западен Балкан на нивниот европски пат на Самитот во Тирана. Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија“, пишува во Деклрацијата.

Деклрацијата не ги заобокулува ниту добрососедски односи и решавање на билатерални спорови, па во шестата точка од Декларацијат, без конкретно да се спомене Македонија се наведува договориете со Грција и со Бугарија.

„Спроведување на билатералните договори со добра волја и мерливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработката со Бугарија и понатаму се важни“, се наведува во Делкарацијата.

Во Декларацијата има посебна точка за спорот меѓу Белград и Приштина при што се бара импелментација на договореното во Охрид без натамошно одложување или предуслови за нормализација на односите. Декларација бара надминување и на билатерланите спорови, со инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатерални спорови и прашања чии корени се во минатото. Сепак и покрај таквата усвоена точка во Декларацијата, Албанија се соочува со можно вето од Грција на патот кон ЕУ поради случајот на уапсениот градоначаник во Албанија од грчкото етничко малцинство.

Унијата во декларацијата наведува дека има за цел да го приближи Западен Балкан до себе подготвувајќи го теренот за пристапување за што таа има намера да искористи дополнителни мерки за негова постепена интеграција. Притоа неповратноста на процесите и принципот на заслуги остануваат клучни.

„Ние сакаме да ја забрзаме нашата работа за да го донесеме Западниот Балкан поблиску до ЕУ. Што значи дека двете страни имаат јасни патокази кои се однесуваат на реформите, владеењето на правото, правдата и напорите кои треба да бидат направени за да може да се подготвиме за ова проширување, кое секако мора да биде според заслуги, но треба да ја има предвид и специфичната состојба денес во Европа“, изјави Мишел.

Дека специфичната состојба на која решерираше Мишел за да се забрза проширувањето нема да донесе отстапка за Македонија, која за да продолжи во втората фаза од преговорите со Унијата мора да ги спроведе уставните зимени, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

„Комплексноста е од апскет на тоа што ЕУ почна процес на своја внатрешна подготовка за прием на нови членки. И тие својата цел ја поставија во 2030 година, исто како што ние имаме цел до 2030 година, со оглед на реформите што мора да се донесат. Меѓутоа секое очекување за промени во однос на преговарачката рамка, во однос на процесот е само себезалажување и залажување на граѓаните, коешто на крај нема да има никаква корист за никого“, изјави Ковачевски.

Инаку Декларацијата ЕУ западен Балкан усвоена синоќа во Брисел во речиси две третини од усвоените точки реферира на начините како регинот да се приближи до ЕУ притоа промовирајќи го Планот на раст на Европската унија и механизмите кои ги предвидува тој за таа цел.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе