Претседателот Пендаровски на иста линија со евроамбасадорот Гир за корупцијата која постои на сите нивоа во земјава.
Шефот на државата смета дека борбата против корупцијата се води само со фокус на евроинтеграциите, а нема никакви промени одвнатре.
Во однос на оценската мисија и 40-те препораки кои треба да ги реализира Судскиот совет, евроамбасадорот Гир вели дека без вистински реформи во ова тело проблемите дополнително ќе се продлабочуваат.
Претседателот на судски совет признава дека се оправдани критиките на ЕУ дека македонското судство е на критична точка. Сериозно ги сфатиле 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија, и свикал итна седница на советот.
