Извршени се претреси во домот на Мухамед Ламалари, сопственик на ресторанот „Аустриан Палас“ и во самиот ресторан, како и претреси на уште неколку локации, дознава Телма од свои извори.
Ламалари засега не е пронајден, а тој е сопственик на ресторанот и менувачницата „Аустриан палас“ кои се наоѓаат во Страта скопска Чаршија. Одземени се повеќе предмети во рамки на истрагата.
МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал првични потврдија дека станува збор за кривично дело поврзано со културни артефакти, но без повеќе детали.
ДОПОЛНЕТО во 13:50, 13.12.2023.: Менаџерот на угостителскиот објект Аустриан Палас негира дека се вршени претреси во ресторанот и тврди дека воопшто полицијата не го барала сопственикот на ресторанот во Чаршијата. Менаџерот реагираше телефонски откако Телма ја објави информацијата за денешната полициска акција.
