Спорт Фудбал

Бензема и Канте го водеа Ал Итихад до лесна победа на Светското клупско првенство

Вечерва официјално стартуваше Светското клупско фудбалско првенство на ФИФА во Џеда, Саудиска Арабија. Домаќинот на турнирот Ал Итихад го совлада австралискиот состав Окленд со убедливи…

Ѕвездениот тим на Ал Итихад немаше мака со шампионот на Океанија, Окленд и сите дилеми беа решени уште по првото полувреме кога саудискиот тим водеше со 3-0. Ромарињо го најави триумфот на домаќинот во 29.минута. Само пет минути подоцна стрелаше Енголо Канте и тоа со силен удар од далечина. Конечните 3-0 ги постави Карим Бензема во 40.минута.

Во следната елиминациска рунда, Ал Итихад ќе игра против африканскиот шампион Ал Ахли од Египет на 15 декември. Победникот од оваа пресметка ќе се соочи со јужноамериканскиот првак Флуминенсе од Бразил на 18 декември. Азискиот првак Урава ред дајмондс од Јапонија и Леон од Мексико, кој е шампион на Северна и Средна Америка ќе се соочат во второто четвртфинале. Подобриот од овој дуел пак на 19 декември има дуел со европскиот првак Манчестер сити во рамки на полуфиналето. Финалето е закажано за 22 декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе