Вести Македонија

Љупчо Палевски бара референдум, Собранието треба да расправа

Пред околу еден месец, осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски, во својство на граѓанско лице, доставил до Собранието предлог за референдум. Точката е ставена на дневен ред на седницата закажана за 22 декември. Палевски предлага задолжителен референдум на државно ниво за целата територија со референдумско прашање: „Дали сте за Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017“. За да се распише референдум, претходно е потребно да се соберат 150 илјади потписи. Матичната Комисија за политички систем со 10 гласа „за“ веќе даде Мислење дека иницијативата не е уредна бидејќи насловот е непрецизен. Комисијата потсетува дека во јануари 2018-та Собранието донесе Закон за ратификација на Договорот.

Палевски ја поднел иницијативата само една недела пред убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и 12 дена пред грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе