Вести Македонија Најважни

Ковачевски ги спласна амбициите на Ахмети

Од координаторската позиција во претседателската. Пратеникот Јован Митрески, од 28 јануари ќе седне во фотељата на Талат Џафери во Собранието. Извршниот одбор на СДСМ вечерва со акламација го потврди предлогот на Ковачевски, токму тој да го замени собранискиот спикер кој ќе ја предводи техничката влада.

Извршниот одбор го задолжил и генералниот секретар да изготви роковник за избор на кандидат за претседател на државата, кој и овојпат ќе биде од редовите на СДСМ.Претходно и премиерот ги спласна политичките амбиции на интегративците најавувајќи дека,  претседателскиот кандидат на коалицијата ќе биде од редовите на СДСМ. Со ова, мисијата на Али Ахмети, ДУИ да добие и претседател на државата, нема да биде остварена на следните избори.

Ковачевски добил овластувања да почне подготвителни разговори со парламентарните партии за техничка влада. Очекува дека ВМРО ДПМНЕ ќе предложат свои кадри во техничката влада, и покрај тоа што не се задоволни со изборот на Талат Џафери за технички премиер.

Шеф на Централниот изборен штаб и овојпат ќе им биде Миле Зачевиќ.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе