Ракомет Спорт

Загреб славеше во Битола за 10-ти пораз на Е. Пелистер во ЛШ

Еурофарм Пелистер ја продолжи губитничката низа во ракометната Лига на шампиони. Битолчани денеска пред своите гледачи го запишаа десетиот пораз на десетиот натпревар. Загреб е последниот тим во елитата што си замина со цел плен од салата „Боро Чурлевски“.

Еурофарм Пелистер денеска беше најблизу до позитивен резултат, бидејќи загуби минимално со 22-23. Хрватскиот шампион беше тимот што го диктираше резултатот во текот на сите 60 минути, а нашиот состав ниту еднаш го немаше водството. Во првиот дел разликата беше од три до пет голови, а на полувремето резултатот гласеше 10-13. И на стартот на вториот дел предноста на Загреб повторно достигна највисоки +5. Пелистер најмногу што направи е што успеа да го израмни резултатот на 18-18, но немаше сили да го сврти натпреварот во своја корист. Загреб на крајот славеше со 22-23.

Филип Кузмановски со осум голови беше најефикасен во редовите на македонскиот првак, Павле Петровиќ имаше четири. Калифа Гедбане забележа 14 интервенции на голот. Кај Загреб, Лука Кларица со пет голови беше најефикасен, а на голот блескаше Матеј Мандиќ со 19 одбрани.
На табелата во групата А, Пелистер е последен на осмото место без бодови по 10 натпревари, а Загреб е шести со 10 бодови. Следниот натпревар во Лигата на шампиони нашиот првак повторно го игра на 14 февруари 2024 година и го пречекува ПСЖ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе