Вести Македонија Најважни

Се чека одлука дали ќе има притвор за адвокатот Стојков кој го превезувал Палевски до Белград, а изјави дека не знаел за убиствата

Обвинителството денеска ќе одлучува дали ќе бара притвор за адвокатот Васко Стојков, кој го превезувал Љупчо Палевски од Скопје до Белград. Телам го контактираше Стојков уште во понеделникот, но тој изјави дека не знаел ништо за вмешаноста на Палевски во злосторствата. Рече дека го однел Палевески во Белград на преглед…

  • Ме замоли да го однесам бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото… Ништо не знаев за оваа работа… Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. ако е така, му реков, ќе те однесам… Ништо не знаев за овие работи… Тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден, и рече ако е се во ред ќе се врати назад… Ако не е во ред, рече дека ќе одел во Истанбул…  Кога се вратив полицијата прваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, изјави Стојков во понеделникот.

Откако разбрал за што е осомничен Палевски, Стојков му пратил порака, да се врати и да даде исказ, затоа што станува збор за сериозна работа… Дали и каков одговор добил не сакаше да открие… Рече дека после се, се чувствува злоупотребено… Јас сум адвокат и ако сум знаел било што, сигурно немаше да го носам, рече Стојков во понеделникот, во телефоснки разговор за Телма…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе