Спорт Фудбал

Погба се соочува со суспензија од четири години

Анти-допинг агенцијата на Италија бара суспензија од 4 години за Пол Погба, кој изминатото лето беше позитивен на недозволени супстанци. Фудбалерот има две опции, да се спогоди за намалување на казната или да се жали до Судот за спортска арбитража.

Обвинителот, што го води случајот на Погба побарал строга казна од четири години суспензија. Французинот има опција да се спогоди со Анти-допинг агенцијата на Италија и да прифати намалена казна од 2 години, за што ќе треба да добие и согласност од Светската анти-допинг агенција, ВАДА. Втората опција на Погба е да се жали до Судот за спортска арбитража, но тогаш ќе ризикува суспензијата да му биде потврдена.

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед има кошмарен кам-бек во Торино, бидејќи лани речиси цела година беше повреден, а сега испадна позитивен на допинг на тест направен по мечот помеѓу Јувентус и Удинезе на 20 август во рамки на 1.коло во Серија А. И неговиот втор примерок исто така беше позитивен, па затоа властите во Италија бараат четиргодишна суспензија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ламин Јамал откри што му кажал Меси по финалето: Неговоте зборови вредат колку медaлот на моите гради

Kristina Kuzmanovski

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе