Спорт Тенис

Надал: Следната година можеби ќе биде моја последна во кариерата

Рафаел Надал се враќа на терените во Австралија во јануари 2024 година по долгата пауза поради повреда. Шпанецот последниот меч го одигра пред 11 месеци и најави дека следната сезона веројатно ќе биде и негова последна во кариерата.

Надал низ својата неверојатно успешна кариера имаше и многу сериозни повреди. Последната го оддалечи од терените цела една година и сега како ветерен, тој најавува дека 2024 година можеби ќе биде негова последна сезона во кариерата.

„Постојат големи шанси дека ова ќе биде мојата последна година. Можеби ќе играм цела година, можеби половина, во моментов има поголеми работи од тоа. Не сакам да најавам такво нешто, бидејќи не знаеме што ќе се случува. Ако одеднаш работите и мојата физичка подготвеност ми дозволат да продолжам, зошто би си поставувал рок? Нема никаква смисла“, рече Надал.

Освојувачот на 22 грен слем титули ќе игра на турнирот во Бризбејн, Австралија, кој стартува на 1.јануари и се најде на листата на учесници на Австралија опен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе