Кошарка Спорт

МЗТ неочекувано тешко ja „скрши“ ФМП Академија

МЗТ Скопје мораше добро да се помачи за да слави победа против Академија ФМП во првиот натпревар од 11.коло во Првата македонска кошаркарска лига. Лидерот на табелата го скрши отпорот на аутсајдерот во самиот финиш за триумф од 79-72.

ФМП ја крена формата во овој дел од сезоната, а вечерва сериозно го испоти шампионот и актуелниот лидер МЗТ Скопје и тоа во „Јане Сандански“. Освен во првото полувреме кога „металците“ имаа двоцифрена предност, во вториот дел особено во последниот период, гостите беа близу до големо изненадување. Резултатот беше 72-72 во самиот финиш, но шампионот со две тројки го реши натпреварот во своја корист.

Војдан Стојановски со 21 поен беше најефикасен во редовите на МЗТ, а Марко Баковиќ имаше 15. Кај гостите, Нигериецот Омотајо Огундиран запиша фантастични 29 поени.
Останатите натпревари од ова 11.коло се закажани за претстојниот викенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе