Вести Македонија Најважни

Анѓушев остана без функцијата „почесен конзул“ на Малта

Министерството за надворешни работи на Малта му ја прекина функцијата почесен конзул на таа земја во Македонија, на бизнисменот и поранешен вицепремиер, Кочо Анѓушев, откако беше обелоденето дека е ставен на најновата американска црна листа. Ова денеска го објави медиумот „Times of Malta“.

Анѓушев беше на чело на конзулатот на Малта во Скопје од октомври 2021 година по одобрение од владата на Малта.

„Со оглед на ваквите случувања, Министерството го прекинува неговото назначување со непосреден ефект и внимателно ги следи најновите случувања“, изјавил портпаролот на малтешкото министерство.

Како одговор на прашањата на малтешкиот медиум, портпаролот на тамошното Министерство за надворешни работи соопштил дека нивното МНР никогаш не добило никакви негативни информации или податоци за него од назначувањето пред две години.

Според соопштението објавено во вторникот од страна на американскиот Стејт Департмент, Анѓушев нема право на влез во САД откако, како што велат, ја злоупотребил својата службена положба додека бил вицепремиер во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нашите владини институции и јавни процеси.

„Денешната акција покажува дека САД стојат со оние во Северна Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери“, се вели во соопштението на Стејт Департментот.

„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ“, се вели во соопштението.

Анѓушев беше вицепремиер задолжен за економски прашања од 2017 до 2020 година во Владата предводена од екс-премиерот Зоран Заев, кој тогаш беше лидер на СДСМ.

Анѓушев порача дека планира да поднесе жалба на одлуката и дека нема основа за ограничување на неговиот влез во САД.

Тој последен пат бил на Малта во април, каде што се сретнал со тамошниот министер за надворешни работи Јан Борг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе