Спорт Фудбал

ФФМ: Цврсто сме решени да воведеме ВАР во македонскиот фудбал

Фудбалската федерација на Македонија најави дека во најскоро време ќе биде воведена ВАР-технологијата во домашниот фудбал. Судиските грешки оваа сезона, но и во минатото придонесоа клубовите да немаат доверба во делењето на правдата, па Куќата на фудбалот најави воведување на технологијата, што ја има во речиси сите фудбалски лиги во Европа.

Речиси по секое одиграно коло во Првата македонската фудбалска лига, дел од клубовите се жалеа на делењето на правдата на судиите. Некогаш грешките на арбитрите имаа сериозно влијание врз конечните резултати, па ФФМ конечно ги послуша лелеците од прволигашите. Последната реакција од клубовите е сомнителниот пенал што вчера Струга го доби против Воска во 99.минута од средбата со кој дојде до победата.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е цврсто решена да не дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената. Со тоа на ум, ФФМ активно работи на воведување на технологијата за видео асистент судија (ВАР) во нашите лиги“, се вели во соопштението на Куќата на фудбалот.

Иако намерата на ФФМ била уште оваа сезона да биде воведе ВАР, сепак нема соодветна продукциска куќа за емитување на сите натпревари, што е клучен момент за функционирање на оваа технологија.

„Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме“, додаваат од ФФМ.

Изминатата сезона и оваа, ФФМ редовно објавуваше судиска анализа по одиграните натпревари и често судиската комисија ги потврдуваше грешките на арбитрите. Многу клубови по секој натпревар на своите социјални мрежи објавуваа спорни моменти, а со ВАР-технологијата, судиските грешки, намерни или ненамерни ќе бидат сведени на минимум.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе