Вести Македонија Најважни

Љупчо Палевски Палчо уапсен во Турција, двата пиштоли и мобилниот на Вања предадени на вештачење, МВР најавува проширување на истрагата

Љупчо Палевски Палчо, осомничен за грабнувањето и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски е фатен во Турција. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сликовито го прикажа неговото апсење во турскиот град Баликесир и потврдата која ја добил од  колегите од Интерпол во земјата.

Како што беше познато досега, Палевски најпрвин заминал за Белград, каде престојувал во еден хотел. Го однел неговиот адвокат, кој мислел дека осомничениот имал закажан лекарски преглед. Потоа друго лице, Стефан Димковски, кој сега е во притвор со џип „Ленд Ровер“ го пренел во Бугарија и оттаму во Турција. Димковски беше фатен на граничниот премин Дојрани кај Дојран.

Палевски во одреден момент се упатил кон Истанбул, но се вратил во Баликесир. Засега не е познато дали имал друга крајна дестинација како Русија или Белорусија, како што се шпекулираше во медиумите.

Спасовски не ја исклучи веројатноста дека осомничените кои се членови на партијата Десна, а нејзин лидер е Палевски биле под странско влијание со цел дестабилизација на државата. Порача дела такво криминално гнездо мора да се разбие до крај  и таа партија мора да биде дерегистрирана.

На прашањето за какво странско влијание, Спасовски одговори со прашање.

  • „Не знаеме какви ставови застапуваа лицето и неговата партија? Не знаеме дека директно се спротивставија на напредокот на државата, се спротивставија на НАТО“- Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Во врска со процесот за екстрадиција на Палевски во Македонија, министерот рече дека тоа ќе се одвива по процедура и очекува да се заврши најбрзо што може.

Два пиштоли се најдени во околината на Скопје кои се поврзуваат со убиствата. Пронајден е и мобилниот телефон на Вања. Спасовски потврди дека Вања била застрелана, а не задушена, како што се шпекулираше. Тој очекува истрагата за убиството на Вања да се прошири.

МВР претходно поднесе кривична пријава за двете убиства. Обвинителството сега преминува во фаза на истрага против пет лица. Четворица од нив се осомничени за грабнување и убиства на Ѓорчевска и Жежовски. Таткото на Вања, Александар е осомничен за помагање при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.

Обвинителството сподели и детали за убиството на Жежовски. Тие влегле во неговиот дом и го грабале со цел да им го даде неговиот автомобил Цитроен. Го нападнале и врзале и потоа го убиле со огнено оружје во близина на селото Рудник.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе