Uncategorized Вести Македонија Најважни

(живо)Спасовски: Таткото споделил информација за времето на излегување на Вања од дома со Палчо

„МВР во координација и под водство на ЈО во текот на изминатата ноќ го расчисти случајот, се обезбедуваа доказите. Разрешницата не не доведе до исходот кој го посакувавме сите ние, туку двете лица и малолетничката и лицето од Велес, кои беа закопани едното во околината на Скопје, другото во околината на Велес“, рече министерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата која се уште трае.

„Преземените мерки не доведоа до извршителите на овој грозоморен чин. Осомничени се пет лица за три е определена мерка притвор, едно е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен и извршен е распит“, рече Спасовски.

„Мотивот е користољубие при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија на член на семејството го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката, за сите да имаат корист од тоа“.

„Повозрасното лице од Велес нема никаква врска со малолетничката, но поради негови врски со еден од осомничените неговото возило е земено и со тоа била земена малолетничката од влезот на живеалиштето откако претходно таткото споделил информација за времето на нејзиното излежување сама од дома“, рече Спасовски.

„Главен организатор и извршител кој со пиштол на 27.11.2023 некаде околу 11 часот ја усмртил малолетничката исплашен со доказите до кои може да дојде МВР, го сторил тоа кривично дело. Ќе сторам се овој монструм на кој му ја следиме трагата штом стапне на наше тло да биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе