Вести Најважни Свет

Заврши примирјето меѓу Израел и Хамас – Нетанјаху обвини дека не се ослободени жените заложници кои биле договорени

Заврши примирјето меѓу Израел и Хамас. Утринава нови експлозии во северниот дел на Газа, откако Израел ја обвини милитантната група дека не ги почитувала условите за примирјето. Според израелскиот премиер, Нетанјаху, Хамас одбил да предаде нови заложници, односно не ги предале сите жени кои биле на листата кои претходно биле договорени. Во соопштение на социјалните медиуми, од неговиот кабинет се вели дека Израел останува на исполнување на целите – да се ослободат заложниците, да го елиминира Хамас и да обезбеди дека Газа повеќе нема да претставува закана за жителите на Израел.

Најмалку шест Палестинци се убиени утринава во израелски воздушен напад во градот Рафах, град во јужниот дел на Газа, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.

Одделно, две деца беа убиени во воздушни напади врз градот Газа на север, објави новинската  агенција АФП, цитирајќи го Фадел Наим, лекар од болницата Ал-Ахли.

Примирјето траеше седум дена, период во кој беа ослободени 110 заложници држени од Хамас и 240 палестински затвореници држени од Израел.

Според британскиот медиум Би Би Си, медијаторите Катар и Египет ги продолжуваат напорите да се постигне договор меѓу двете страни, и покрај тоа што борбите денеска продолжија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе