Вести Македонија Најважни

Според Лавров сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот

Според рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров сите проблеми со кои се соочува Балканот потекнуваат од Западот, уште од времето на распаѓањето на поранешна Југославија.

 

Лавров денеска на прес-конференција на маргините на 30. Министерскиот состанок во Скопје, која се одржува паралелно со третата сесија на состанокот, на прашање на МИА во врска со тоа како Русија гледа врз идентитетската агресија врз Северна Македонија од бугарските испостави и дали тие имаат руска позадина одговори дека не е голем експерт во македонско-бугарските односи и посочи дека според него, проблемите за регионот влечат корени од Западот, односно по распадот на Југославија.

 

  • Не сум голем експерт за македонско-бугарските односи, можам само да кажам дека луѓето во Македонија имаат целосно право да бидат еднакви во сите активности на нашиот заеднички континент. И не само за односите меѓу Бугарија и Македонија, туку за сите балкански земји, би рекол дека коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседал на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

Според него Западот отсекогаш имал интерес да ги подбуцнува народите едни против други. -Уверен сум дека народите на Балканскиот Полусторов минаа тешки историски премрежја, имаат заедники код и не смеат да бидат поразени и да му дзволат на Западот да станат непријатели едни со други, рече Лавров.

Тој рече дека ги охрабрува етничките групи на Балканот да живеат мирно и да ги  сузбијат сите националистички амбиции. Ги повика и да не се приклучуваат кон санкциите кон Русија, само, како што рече, за да исполнат одредени западни амбиции. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе