Вести Македонија Топ вести

Во понеделник лидерска средба за предизборен договор

В понеделник, веднаш по часовите на професорот Христијан Мицкоски на Машинскиот факултет, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оди во Собранието на лидерска средба. Опозициската партија ја прифаќа поканата што СДСМ ја најави преку медиумите но под еден услов: да се води сметка за тајмингот на другите обврски на нивниот претседател.

-Лидерска средба секако е прифатлива за во понеделник, на која ние очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датумот на избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничката Влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ. Воедно, бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде по 11 часот во понеделник, бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студентите на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор, рече портпаролката на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева.

СДСМ веднаш се согласи за 12 часот. При тоа, изразуваат жалење што „се пореметува агендата на Мицкоски кој работел само 2 часа во денот – од 9 до 11 часот“. Вчера, на пресот со високиот европски претставник Жосеп Борел, премиерот Ковачевски најави покана за лидерска средба во Собранието до сите парламентарни партии и до спикерот Талат Џафери.

-Ќе разговараме за евроинтеграцијата на Северна Македонија, ќе разговараме  за одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ ОДИХР, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски не го спомена Законот за Влада, кој треба да се измени ако се укинува техничката Влада. Со тоа уште еднаш потврди дека не го прифаќа барањето на ВМРО ДПМНЕ. Уште на почетокот на овој мандат, СДСМ и ДУИ се договорија технички премиер да биде Албанец. Имаат намера тоа да го реализираат на крајот на јануари, откако Ковачевски ќе поднесе оставка. 100-те дена ќе изминат до 8-ми мај, кога најверојатно ќе се одржат парламентарни и втор круг претседателски избори. Двата вида избори се во редовни термини.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе