Вести Македонија Најважни Свет

Лавров и мнозинството се искритикуваа во Скопје, САД и ЕУ ја повторија осудата за агресијата врз Украина и обвинија Русија за блокирање на ОБСЕ

Тешки зборови разменија Русија и мнозинството земји-учеснички на министерскиот совет на ОБСЕ.  Политичкиот земјотрес го предизвика обраќањето на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој силно ги критикуваше западните земји, НАТО и Европската унија за политиката кон Русија. Ја критикуваше и ОБСЕ дека им служи на интересите на ЕУ и НАТО.

Лавров го кажа тоа и си замина од салата.

Но, како што тој не ги слушна критиките кон него, така и многу делегации не го слушнаа неговиот говор. Си заминаа уште кога беше најавено дека ќе зборува. Другите кои останаа во пленарната сала, жестоко се спротивставија на руската воена агресија во Украина. 

Соединетите држави и Европската унија повторија дека руската воена агресија врз Украина е целосно спротивна на цивилизациските стандарди и меѓународното право. Ја обвинија Русија дека го блокира функционирањето на ОБСЕ.

„Каналите на комуникација меѓу Западот и Русија мора да останат отворени“, рече унгарскиот министер за надворешни Петер Сијарто. 

Сијарто е меѓу ретките кои имаше билатерална средба со неговиот руски колега Лавров. За утре во 10:30 часот е најавена прес-конфернеција на Лавров.

Неговото доаѓање во Скопје беше овозможено, откако Македонија одобри прелет на рускиот авион со објаснување дека тој не доаѓа во билатерална посета на Македонија, туку на состанок на ОБСЕ.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе