Вести Македонија Најважни

Доцна синоќа Лавров пристигна во Скопје

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека, доцна синоќа (29 ноември) на Меѓународниот аеродром „Скопје“ слетал авионот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Лавров бил пречекан од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

Рускиот шеф на дипломатијата ќе присуствува на 30-от министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.

На најголемиот меѓународно-политички настан организиран во земјава од независноста присуствуваат шефовите на дипломатиите на најголем број од земјите-учеснички на ОБСЕ – САД, Канада, Велика Британија, министри од земјите-членки на ЕУ и на НАТО, од Медитеранот, Блискиот Исток и Централна Азија.

Шефот на руската дипломатија пристигна во Скопје по завршувањето на неформалната вечера на министрите за надворешни работи и шефовите на делегации на земјите членки на ОБСE. На вечерата, меѓу другите, присуствуваше и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој пристигна во Скопје во среда попладне. Веднаш по нејзиното завршување, околу 21 часот, шефот на американската дипломатија замина од земјава, во посета на Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Германија ќе испрати 60 ракети за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“ во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе