Вести Македонија Најважни

Во МВР формиран специјален штаб кој деноноќно работи да се пронајде исчезнатата Вања Ѓорчевска

Се уште нема ниту трага ниту глас од 14 Вања Ѓорчевска од Скопје. Полицијата е во потрага по 14-годишното девојче коешто исчезна на пат кон училиште. Од МВР за Телма утрово изјавија дека продолжува интензивната потрага и дека е формиран специјален штаб кој работи деноноќно на пронаоѓање на девојчето. Јавноста е на нозе, поминаа повеќе од 48 часа од нејзиното исчезнување во Дебар Маало во центарот на Скопје за време на утринскиот сообраќаен шпиц.
Во потрагата освен полицијата се вклучени и семејството, но и бројни граѓани и соученици коишто споделуваат објави на социјалните мрежи, лепат плакати со нејзина фотографија и бараат какви и да се информации околу тоа каде исчезна малолетничката. Ова не е единствениот случај на исчезнато дете по кое што трага полицијата.
Во последните три години во Македонија исчезнале повеќе од 70 малолетници, но најголем број од нив се пронајдени. На сајтот на МВР се уште се активни потрагите по шест деца на коишто им се губи трагата изминатите години.
Наскоро се очекува да профункционира системот за рано предупредување за исчезнати деца – „Најди ме“. Со оваа платформа се очекува поуспешна потрага по исчезнати лица со споделување на релевантни информации. Вакви системи има во Европа и во САД, а веќе и во регионот. Во Србија од крајот на октомври почна да функционира системот „Пронајди ме“, по примерот на таканаречениот „Амбер алерт“ кој итно ја известува јавноста кога ќе исчезне дете и потрагата почнува веднаш а не се чека да поминат 24 часа. Потоа во зависност од информациите со кои се располага за причините за исчезнување, се распишува локална или централна објава, а по потреба и меѓународна објава. Според Европскиот центар за исчезнати деца, 300.000 деца исчезнуваат секоја година. Секој што има каква било информација за 14-годишната Вања, да пријави на 112.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе