Вести Македонија Најважни

Трет ден потрага по 14-годишната Вања Ѓорчевска

Се уште трае потрагата по 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис, ги истражуваат сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување. Девојчето е високо 175цм, има 58 кг, темна кафена коса, кафени очи, носи протези, има бемка на десната страна на лицето, облечена во темно син блузон, црна јакна, црни фармерки со џебови од страна и бели патики со кафени ленти.

Во центарот на градот се залепени фотографии од девојчето со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на некоја информација.

Последниот сигнал од нејзиниот телефон бил лоциран на булевар Партизански одреди, спроти Универзалната сала.

Во понеделникот Вања во училиште заминала во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна.

Според мајката девојчето пред заминување било расположено и не се пожалило на никаков проблем.

Нејзината мајка вели немала проблеми со булинг, семејните односи не биле нарушени и семејството нема непријатели. Таа изрази благодарност за работата на полицијата која на највисоко ниво со формирање на специјален тим максимално се ангажира за Вања да биде пронајдена.

Доколку имате било каква информација јавете се во најблиската полициска станица, или на телефонскиот број 112.

Јавноста е исклучително вознемирена од настанот со оглед на тоа што се работи за исчезнато дете во еден од најфреквентните делови на Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе