Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија.
Во фокусот на разговорите беа актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина, при што соговорниците упатија силна осуда за руската воена агресија и цврста поддршка за украинскиот народ.
Во Вестите на Телма во 18.30 се јави Марија Дивитарова
“Како стратешки партнери и НАТО сојузници стоиме обединети во поддршката за Украина и одбраната на современите демократски вредности и принципи. Силно ја осудуваме руската воена агресија што претставува напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и сериозна закана за светскиот мир и стабилност”, порача Османи.
Средбата на министерот Османи со државниот секретар Блинкен е од историски карактер бидејќи станува збор за прва посета на Државен секретар на САД на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија. Посетата е уште една потврда за новиот однос меѓу двете дипломатии што започна минатата година кога Османи и Блинкен заеднички го лансираа Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, во Вашингтон.
„Прекрасно е да се биде тука, прекрасно е да се биде во Северна Македонија, прекрасно е да се биде со сите наши колеги доаѓајќи од НАТО тоа е соодветно бидејќи Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и сите наши сојузници во НАТО. Секој ден го гледаме тоа. Јас морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во како што и самите рековте многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, успеавте да ја проширите мисијата на ОБСЕ и покрај значителните пречки. Знам дека бевте подготвени да продолжите но мило мие што Малта би ја преземе палката. Имаме стратешко партнерство кое навистина е фокусирано на работата која ја вршиме заедно како сојузници и партнери но исто така и работата која што заеднички ја вршиме на билатерално ниво. Како што знаете ние силно ја поддржуваме вашата евроатланска интеграција, ја поддржуваме работата за зајакнување на вашите демократски институции, силно го поддржуваме работата која што ја вршите за поголема енергетска диверзификација во регионот и пошироко што ќе има големо влијание, во сето ова вие можете да сметате на САД како силен партнер и затоа една од причините поради кои сум јас тука оваа вечер не само ОБСЕ туку и за Северна Македонија и да покажам колку го цениме партнерството кое го имаме“, рече државниот секретар на САД Ентони Блинкен на средбата со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.