Вести Македонија Најважни

Започна продажбата на имотот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“

Агенцијата за управување со одземен имот денеска од 9 до 12 часот извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“.

Имотот ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање.

  • Право на учество на јавното наддавање по електронски пат имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените лица во Агенцијата за управување со одземен имот, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба, гласи еден од условите во огласот објавен од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

Агенцијата за управување со одземен имот претходно успешно ја спроведе и реализира продажбата на вкупно три одземени недвижности од поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање согласно правосилната пресуда за случајот „Империја“.

  • Станува збор за три недвижности кои согласно правосилната судска предуда КОК – ПП бр. 283/2022 се одземени од Сашо Мијалков. Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244 000 евра, информираа од Агенцијата.

Во јули годинава на аукција на берза беа ставени и запленети акции на Мијалков.

Во случајот „Империја“, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинтелството, а казната беше три години затвор и одземање на имот вреден околу 30 милиони евра, меѓу кои 25 станови и парцелата до хотелот Мериот.

Предходно на закани и обиди за попречување за продажба на конфискуваниот имот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се пожали денеска првиот човек на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу.

Обидот да не заплашите е на погрешна адреса. Ништо не не заплашува и нема да застанеме се додека правдата не дојде на вистинско место“, рече Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот,а 15.11.2023.

Заканите, како што рече, се пријавени во надлежните институции.

Имотот на Мијалков причина за политички закани за Дритон Небиу?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе