Вести Најважни Свет

Хамас бара да продолжи четиридневното примирје- Нетанјаху вели мора да се почитуваат одредбите од договорот

Денеска истекува последниот ден од договореното примирје меѓу Израел и Хамас откако до сега беа ослободени три групи израелски заложници од Газа и три групи палестински затвореници и притвореници од Израел согласно договорот за прекин на огнот.

Катарските власти, кои одиграа централна улога во посредувањето во договорот, изјавија дека се надеваат примирјето ќе продолжи.

Потсетија дека во договорот постои одредба која предвидува продолжување на еден дополнителен ден за секои десет заложници што Хамас е подготвен да ги ослободи.

Американскиот претседател Џо Бајден, исто така, изрази желба да продолжи паузата од борбите. Израел и Хамас постигнаа договор минатата недела за четиридневна пауза во борбите и ослободување на најмалку 50 жени и деца држени како заложници во Газа.

Нетанјаху вели примирјето може да продолжи согласно одредбите од договорот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ако уште 10 заложници кои милитантите на Хамас ги држат во заробеништво во Газа можат да бидат ослободени на ден, тоа ќе биде „благословена работа“.

Сепак тој повтори дека Израел ќе ја продолжи својата офанзива со сета своја сила со цел да се реализираат зацртаните цели: елиминација на Хамас и осигурување дека Газа повеќе никогаш нема да биде тоа што беше, закана за Израел.

Ослободена и 4-годишната Ајдан првиот американски заложник согласно условите на прекинот на огнот

Ослободена и 4-годишната Ајдан првиот американски заложник согласно условите на прекинот на огнот. Форумот за заложници и исчезнати лица објави видео обраќање на Ела Мор, нејзината тетка.

За време на нападот на Хамас на 7 октомври на југот на Израел, Ајдан била сведок како нејзината мајка била убиена пред неа, а потоа нејзиниот татко, кој ја штител со неговото тело и бил убиен.

Белата куќа објави дека претседателот Џо Бајден телефонски разговарал со семејството. Ова е прва значајна пауза во седум недели војна, обележана со најсмртоносното израелско-палестинско насилство во последните децении.

Повеќе од 13.300 Палестинци се убиени, од кои приближно две третини се жени и малолетни, според Министерството за здравство во Газа, управувана од Хамас. Во војната загинаа повеќе од 1.200 Израелци, главно цивили во нападот од 7-ми октомври.

Семејствата и поддржувачите на Израелците кои сè уште се заложници од Хамас во Газа синоќа се собраа во Тел Авив со плакати со имиња и фотографии на нивните исчезнати роднини и пријатели.

Потоа беше организирана церемонија каде присутните ги напиша имињата на исчезнатите заложници во Тора. Денеска се очекува четврта размена – последниот ден од прекинот на огнот во кој треба да бидат ослободени вкупно 50 заложници и 150 палестински затвореници.

Прослави во Рамала за пречек на ослободените палестински затвореници од Израел

Ослободените палестинци од израелските затвори беа дочекани како херои во Западниот брег. 39-те млади мажи, облечени во сива затворска облека, беа пречекани од неколку стотици лица во центарот на Рамала. Толпата ги крена мажите на раменици.

Многумина мавтаа со победнички знаци и ги држеа зелените знамиња на Хамас и жолтите знамиња на Исламскиот џихад. Ослободувањето дојде неколку часа откако Хамас ослободи 17 заложници што ги држеше во Појасот Газа.

Ослободени затвореници се тинејџери и млади мажи, на возраст од 15 до 19 години, главно обвинети за јавен неред, материјална штета и во некои случаи предизвикување или закана за физичка повреда на израелските офицери со фрлање камења и молотови коктели. Голем број од нив беа приведени од протестите и конфронтациите со израелските војници, а над половина потекнуваат од Ерусалим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Против сум избрзани решенија, мора да имаме јасна стратегија и концепот каков Судски совет сакаме да имаме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе