Ракомет Спорт

Ракометарките од домашното првенство и по втор пат подобри од Велика Британија

Македонската женска ракометна репрезентација славеше и на втората контрола со Велика Британија во Скопје.

Тимот од Островото не беше достоен ривал за нашите девојки на двата натпревари. Откако вчера нашата селекција славеше со 36-17, а денеска остваривме уште една убедлива победа од 34-19.

Селекторот Кристијан Грчевски на овој собир во рамки на ЕХФ-неделата повика само ракометарки од домашното првенство со цел да го селектира квалитетот за во иднина и продолжението од евроквалификациите. Таму Македонија, веќе има две победи против Азербејџан и Литванија и е многу близо до пласман на континенталниот турнир идната есен. Во февруари и март следува двомеч со фаворитот во групата 5, Шпанија, која очекувано исто така има максимален ефект.

На Европското првенство учество обезбедуваат првите две репрезентации од групата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе