Вести Македонија Најважни

„Македонија пат“ и ЈПДП со своја приказна за вчерашниот снежен хаос на македонските патишта

Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта има повеќе обврски- меѓу кои редовно и зимско одржување на патиштата. Ова го пишува на главата страна на сајтот на „Македонија пат“. Сепак, вчера доцна попладне на патните правци низ земјава се случуваше вистински хаос и тоа со првиот снег.

Од „Македонија пат“ тврдат од временските услови не биле изненадени. Распоредени биле со целата своја опрема и кадар. Но, велат некои не ја почитувале одлуката за зимска опрема, возеле со летни гуми, а не се почитувала ниту забраната за тешки товарни возила. Сепак, вчерашните случувања се доказ колку е слаб капацитетот на домашното претпријатија, а договорот за ангажирање на трети лица во расчистувањето на патиштата во зимски услови, тежок околу два милиони евра сè уште нема потпис. За ова и од „Македонија пат“ и од ЈПДП имаат своја приказна.

Од „Македонија пат“ велат дека одобрението за потпишување од Јавното претпријатие за државни патишта го добиле пред само неколку дена, односно на 17 ноември, а без тоа не можат да го склучат договор.

„Оваа година сè уште не е склучен, распишан. Тоа ангажирање нa трети лица за чистење на снегот е вечна тема. И оваа година, тргнувајќи од тоа кога и како да бидат ангажирани, ние сме во постапка, но и нивниот ангажман зависи од одобренито за колкав број на возила од подизведувачи. Одобренито е добиено од пред неколку  дена“, вели Костадин Ацески, генерален директор на Македонија пат

Од ЈПДП за Телма пак тврдат – барањето за набавка за ангажирање на трети лица, од „Македонија пат“ го добиле ден претходно, на 16 ноември. Од таму велат дека претпријатието овие работи мора навреме да ги има завршено, а не да чека последен ден и да падне снег.

Од „Македонија пат“ признаваат дека тешко работат, имаат долгови, застарена механизација и недоволно кадар. Луѓето со кои одат на терен се над 60 години.

„Од 67 возила на располагање, 20 се стари до 5 години останатите над 30 години“, додава Ацевски.

Со години, во зимските месеци, патниците  се соочуваат со проблеми на македонските патишта, а надлежните си ја префрлаат вината.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе