Вести Најважни Свет

Стапи на сила прекинот на огнот помеѓу Израел и Хамас

Од изутринава во сила е прекинот на огнот што го договорија Израел и Хамас, прв прекин по седумнеделна разорна војна. Се очекува попладнево да бидат ослободени првите заложници.

Договорот за неколкудневна пауза почна во 7:00 часот по локално време и се очекува да трае најмалку четири дена. Можно е негово продолжување до десет дена, соопшти Катар, кој посредува во преговорите.

Катар, Египет и САД ќе следат дали се почитува договореното. Во 16 часот по локално време меѓу Израел и Хамас, треба да бидат ослободени првите 13 заложници држени во Појасот Газа. Станува збор за жени и деца.

За возврат, за секој ослободен заложник од израелските затвори ќе бидат ослободувани по тројца палестински затвореници. Во текот на четирите дена примирје, Хамас сака да ослободи вкупно 50 млади жени и деца.

Пред прекинот на огнот, израелската армија повторно ги засили нападите врз цели на Хамас, особено на северот на Појасот Газа, а продолжија и нападите врз Израел.

Портпарол на израелската армија периодот на прекин на огнот го нарече „комплицирани денови“…

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе