Вести Најважни Свет

Се очекува да започне размената на заложници и затвореници меѓу Хамас и Израел

Во затворот Офер на окупираниот Западен Брег, забележани се минибуси кои ги превезувале палестински затвореници кои се очекува да бидат ослободени денеска. Палестинските власти објавија список од 39 палестински затвореници, меѓу нив 24 жени и 15 тинејџери, кои треба да бидат разменети во замена за 13 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Газа. Размената е дел од четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, кое започна денеска по седумнеделни војни.

Израелската војска е подготвена за преземање на ослободените заложници од страна на Хамас. По пристигнувањето во воздухопловната база придружувани од израелски војници, заложниците ќе бидат пренесени во пет различни болници низ земјата за да им се укаже потребната медицинска помош.

Заложниците најпрво ќе ги преземе Црвениот крст кои ќе бидат донесени на границата со Египет, по иденфикацијата во согласност со списокот ќе им биде овозможено да разговараат со своите семејства преку видео повик, па ќе ги преземе израелската војска, изјави израелски официјален претставник.

  • Да даде Господ, да го започнеме процесот. Први кои ќе ги примат заложниците од сите возрасти се претставниците на Црвениот крст. Црвениот крст, ќе ги прима или еден по еден или во групи. Се уште не е утврден точниот начин како ќе ги примаме, вели Жив Агмон, советник на израелската управа за дипломатија во кабинетот на Нетанјаху. 

Најмалку седум цистерни со гориво денеска влегоа во Појасот Газа преку граничниот премин Рафа кон Египет наменети за основната хуманитарна инфраструктура во Газа. Израелските одбранбени сили утринава фрлаа летоци на арапски јазик во кои ги предупредуваа цивилите во Газа да не одат дома, но Палестинците пешки, со колички и магариња тргнаа кон северот, сепак северниот дел е сè уште воена зона но, жителите ја користат оваа пауза во борбите за да се вратат назад. На социјалните мрежи се споделуваат видеа како се пука во Палестинците, но веродостојноста не може да се докаже.

  • Се враќаме во нашите домови за да ги видиме и провериме нашите услови таму и како се нашите домови. Сакаме да замеме облека и се што ни треба. Нема гас за готвење, храна или пијалоци. Ситуацијата е многу трагична- Софијан Абу Амер, раселена од градот Газа, вели Софијан Абу Амер, раселена од градот Газа 
  • Делови од Појасот Газа се уште се поделени. Сакам да го видам мојот дом. Многу луѓе дојдоа без облека, без пари и без многу основни работи, па сакаме да одиме да ги земеме, и така ситуацијата е многу тешка- Мохамад, раселен од Газа, вели Мохамад, раселен од Газа. 

Неколку моменти пред стапување во сила на примирјето беше забележано пукањето и воздушни напади. Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон на состанок со палестинските лидери ги разгледува опциите за дополнителна помош на Газа.

Во нападите на Хамас на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници.

Оттогаш, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 14.000 луѓе биле убиени во нападите на Израел.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе