Вести Најважни Свет

Хамас ослободи 13 израелски заложници и 12 Тајланѓани, Израел пушти 39 палестински затвореници

Хамас ја ослободи првата група заложници. Станува збор за 13 израелски жени и деца и 12 тајландски државјани кои со возила на Црвениот крст беа превезени до преминот Рафа од каде со амбулантни комбиња и хеликоптери беа пренесени во израелските болници на лекарски прегледи и проценка на нивна здравствена и психолошка состојба. Првичните проценки на здравствените власти дека сите заложници се здрави. Пред да се сретнат на роднините, тие ќе бидат на сослушување од израелската безбедносна служба Шин Бет.

Израел, пак, попладнево ослободи 39 палестински жени и тинејџери од израелските затвори. Веста ја потврди портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи. Но, на тоа претходеше мал инцидент во која израелската војска употреби солзавец за растерување на насобраните Палестинци пред затворот Офер во Рамала кои беа во исчекување на своите најблиски.

За време на четиридневното примирје, кое стапи на сила утрово и според информациите се почитува од двете страни, Израел се обврза да ослови 150 Палестинци од затворите во замена за 50 заложници во Газа.

Покрај размената на затвореници за заложници, низ преминот Рафа од Египет во Газа влегоа 60 камиони со хуманитарна и медицинска помош, но и храна и гориво.

Трансферот на заложници од Газа се следи во живо од официнални лица на Белата куќа во Вашингтон. Но, го надгледува и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во друштво на министерот за одбрана, Јоав Галант од командниот центар на израелската армија.

Во нападите на Хамас на 7 октомври загинаа 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници. Оттогаш, Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 14.000 луѓе биле убиени во нападите на Израел.

 

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе