Вести Македонија

(живо) Георгиев во Топ Тема: Самите обвинители укажуваат дека постои влијание во нивната работа од политичари, судии, адвокати…

„Капацитетите не само на ДКСК, туку и на Јавното обвинителство треба да се прошируваат, дури има податок дека бројот на јавни обвинители околу 160 во однос на просечниот број на јавни обвинители на ниво на ЕУ. Кај нас е 8,8 обвинители на 100.000 жители додека според европскиот просекот би требало да биде 19. Но бројот е само еден аспект останува  Не само во извештајот на ЕК, туку и истражувањето на направено од ОБСЕ и ДКСК за погледот од внатре на самите обвинители, колку тие имаат доверба во самото обвинителство и во Советот на јавни обвинители, самите обвинители укажуваат дека постои влијание во нивната работа од страна извршната власт од страна на повисоките обвинители, судии, адвокати…“, рече во вечерашната Топ Тема, Владимир Георгиев – член на ДКСК.

Па и тоа истражување не успеа ни малку да ги помести работите.

Георгиев истакна дека и покрај тоа што 40-тина институции по закон се должни на ДКСК да и ги достават базите на податоци, тоа не се случува бидејќи системот на интерабилност воопшто не е развиен.

Топ Тема е во тек можете да ја следите на линкот подолу…

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Руската Дума го изгласа Мишустин за премиер

Дејан Дејан

Телма дознава: За 30-тина избирачки места во 5-тата изборна единица ќе има приговори од коалицијата на СДСМ и ЛДП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе