Вести Најважни Свет

32 пациенти веќе починаа поради недостаток на кислород во болницата Ал-Шифа во Газа – нема каде да се погребаат

32 пациенти веќе починале во најголемата болница Ал-Шифа во Газа, изјави за Би-Би-Си, д-р Мохамед Абу Селмија, кој е менаџер на клучната болница. Додава дека поради недостаток на кислород починале три предвремено родени бебиња и седум возрасни пациенти.

Неколку други пациенти на кои им е потребна дијализа ризикуваат да умрат во „следните неколку дена“ бидејќи третманот веќе не е достапен, рече тој.

Болницата е речиси без гориво и други ресурси за да продолжи да функционира – со тоа што презрелите бебиња се извадени од инкубатори кои веќе не работат. Таму има повеќе од 600 повредени пациенти.

Абу Селмија рече дека болницата, исто така, била во контакт со Црвениот крст за да се обиде да го координира погребот на телата, од кои има околу 150 во болницата – но му било кажано дека во моментов не е изводливо.

Нема каде да ги остават телата на починатите, и не можат да ги контролираат кучињата кои „почнаа да ги јадат труповите“ додава докторот. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе